Во приватен автомобил со британски регистарски таблички, управуван од млад маж (25), хрватската полиција пронашла нешто повеќе од 13 килограми кокаин и пари на граничниот премин Бајаково со Србија, соопшти денес полициската управа Вуковар-Срем.
За време на граничната контрола и прегледот на возилото, полицајците во четвртокот забележале неколку пакети за кои се сомневале дека содржат дрога, пренесува Хина.
По темелно пребарување на автомобилот, полицијата пронашла вкупно 13.540 грама кокаин, како и пари за кои се сомнева дека се добиени од криминални активности.
Дрогата и парите се привремено запленети, а кривична пријава против осомничениот е доставена до надлежното државно обвинителство.


