Шлепер и го смачкал автомобилот: Тешка сообраќајка, загина девојка

 

 Една девојка загина синоќа при верижен судир на неколку возила на автопатот Белград - Нови Сад.

Како што јави Танјуг судирот, во кој учествувале камион и неколку автомобили, се случил околу 21:45 часот на делницата од автопатот меѓу местата Нови Карловци и Стара Пазова. 

Причините за верижниот судир засега не се познати.

Поради несреќата автопатот бил затворен за сообраќај повеќе од еден час, што резултирало со формирање на колона возила долга неколку километри.

 

 

 

24.05.2018 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега