„Шлаканица" од Меркел за Тачи и Харадинај - Канцеларката им постави ултиматум

Германската канцеларка Ангела Меркел, покрена дипломатска офанзива за да ја натера Приштина да ги укине таксите за увоз на производи од Србија и БиХ.

Таа на властите им поставила јасни рокови за укинување на таксите, пренесуваат српските медиуми.

Советниците на меркел ги пренеле нејзините барања и зборови директно на Хашим Тачи и Рамуш Харадинај во текот на состанокот во Приштина.

Харадинај претходно даде изјава: - „Јас им верувам на Американците и кога тие велат дека ова е формулата, јас им верувам. Ние бараме договор за да знаеме каде оди дијалогот. Дијалогот го блокираше Белград, бидејќи велат дека нема дијалог без укинување на царините. Не го блокиравме ние. Ние бевме во дијалогот знаејќи дека сме жртвите и имаме илјадници исчезнати и жртви“, кажа Харадинај.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2019 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега