Шкријељ: Наш главен приориет е еднаква грижа за секој еден во нашата држава

Деинституционализацијата и извлекувањето на корисниците од институциите во индивидуални домови е најдобар пример и показател наспроти едно друго, нехумано, време кога корисниците во институциите беа дури и врзувани. Вчера сите имавме можност да се потсетиме на еден таков случај кој беше идентификуван во 2012 година, рече дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, која ги посети поранешните корисници од Заводот во Банско, кои сега живеат во индивидуални станбени единици.

-Наш главен приориет е еднаква грижа за секој еден во нашата држава и лицата со попреченост се еден од главните приоритети на министерството за труд и социјална политика и ќе продолжиме понатаму да работиме во таа насока, додаде Шкријељ.

Смета дека со деинституционализацијата се покажала големата разлика од стариот систем на негрижа кон луѓето во институциите со новиот систем кој значи грижа и поддржано живење во зедницата.

-Ако има нешто со што се гордееме и се спроведуваше како реформа во изминативе две и пол години тоа е процесот на деинституционализација, која што значи извлекување на луѓето од институциите и овозможување на еднакви можности и еднаква грижа спрема индивидуалните потреби засекоја една индивидуа, рече Шкријељ.

Таа информираше дека досега од Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ се извлечени вкупно 13 лица-возрасни и деца. Со тоа, според Шкријељ, е исполнето ветувањето дека до 2020 година ќе нема деца во институции и тоа е остварено една година порано.

Секретарот на Општинската организација на Црвен крст Струмица, Маријана Тошева информираше дека го олеснуваат процесот на деинституционализацијата со нудење на услугата персонална асистенција, кој е се повеќе барана и затоа е организирана обука за нови 20 персонални асистенти

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега