Шилегов за утре најави работни состаноци на градоначалниците за почеток на учебната година

 

Во текот на утрешниот ден во организација на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и Министерството за образование и наука ќе се одржуваат работни состаноци со сите градоначалници од земјава со цел да го најдеме оптималното решение. Имаме доволен период, имајќи предвид дека се одложи стартот на учебната година за 1 октомври. Очекувам дека ќе се изнајде оптимално решение на ниво на цела држава, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој информира дека Градот ја завршил анкетата со родителите и учениците, а во тек се подготвителните активности. Потсети дека во текот на вчерашниот ден министерката Царовска имаше работни состаноци со директорите на училиштата, меѓу кои и средните училишта.
 
– Сите средни училишта во Град Скопје се во доволно добра кондиција да може било каков тип на настава да биде организирана. Онаму каде што имаме проблеми, ако се одбере онлајн настава мислам дека ќе успееме да помогнеме кај оние луѓе што немаат средства, во соработка со ресорното министерство, појасни Шилегов.
 

Градоначалникот на општина Карпош Стеафн Богоев изјави дека училиштата максимално се подготвуваат и додаде оти имаат доволно време за да се изменаџираат сите заедно. Изрази надеж дека на 1 октомври ќе почне безбедно новата учебна година. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2020 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега