Шилегов за опасниот медицински отпад во „Дрисла“: Кој е овде луд, градот треба да излезе виновен дека пријавил?

Силни критики упати градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кон институциите во врска со случајот со „Еко клуб“ и опасниот медицински отпад кој несоодветно се горел во „Дрисла“ на денешната прес конференција одржана со медиумите.

„Градот треба да излезе виновен дека пријавил? Да сум јас претпоставен, нити обвинителката денеска ќе беше обвинителка, нити инспекторот ќе беше инспектор. Државата има такви инситуции преполни со полуписмен кадар од претходната власт. Зарем мислите дека треба 50 дена да молчат. Кој е овде луд? Неприфатливо е објаснувањето на овие државни институции. Градот Скопје е сериозна институција. Вршиме надзор врз работење на сите институции кои се наши“, истакна Шилегов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2020 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега