Шилегов за изборите: И да не сте задоволни од СДСМ не ја казнувајте државата

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, не ја исклучува можноста за индивидуална одговорност во партиските структури за драстичното намалување на гласовите на изборите.

- Пораката ја примивме од граѓаните и допира до секој од нас. Мора секој што има јавна функција да има одговорност кон нив. Процесот на утврдување индивидуални пропусти е започнат и благодариме на граѓаните за опомената, а ќе се знае одговорноста на секој одделно по изборите, вели Шилегов.

Ги повика граѓаните што помасовно да излезат.

- И да не сте биле задоволни од владеењето на СДСМ да не ја казниме државата и да не одиме наназад, заврши тој.

Видео: Алсат

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега