Шилегов за 13.000 евра ќе го истражува мислењето на граѓаните

Петре Шилегов допрво ќе го истражува мислењето на граѓаните за градските проблеми и политики, а Град Скопје објави оглас за 13 илјади евра. За овие пари треба да бидат направени осум телефонски анкети во период од една година, врз репрезентативен примерок од најмалку 1000 полнолетни испитаници.

„Целта на истражувањето е да го истражи мислењето на граѓаните на Град Скопје во однос на градските проблеми и политики, како и да овозможи квантитативно толкување низ одредена временска рамка“, се вели во огласот кој денеска беше објавен, пренесе Макфакс.

Испитаниците ќе одговораат на 50 прашања поврзани со градските политики.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега