Шилегов: Во текот на оваа година ќе успееме да започнеме постапка за реорганизација на јавниот транспорт

Во Ѓорче Петров веќе имаме лоцирано една парцела што ќе биде блиску до локацијата каде ќе треба да се изгради новиот клинички центар и во потрага сме и работиме заедно со општина Гази Баба на влезот на таканаречената источна порта. Во Град Скопје дневно влегуваат околу 40.000 возила, 22.000 на западната порта, 18.000 на источната порта кај Автокоманда, одговори денеска Петре Шилегов на советничко прашање поврзано со проектот „Паркирај-вози“ од советничката Јелена Жугиќ.

– Во фаза сме на прибирање на тие работи, верувам дека ќе успееме во текот на оваа година да започнеме постапка за реорганизација на јавниот транспорт. Дел од таа прикаска е јавниот транспорт да го направиме лесно подобен и евтин за тие што влегуваат во градот и да можат да го користат и кога ќе влеземе во тој еден систем пратечката активност ќе биде „Паркирај-вози“. Не можете во моментов на самата локација само да ги изолирате тие како такви, е покомплексно, но создаваме една сериозна дата база да се влезе во имплементација на таа програма, рече Шилегов.

Потсети дека есента во соработка со „Македонски железници“ го промовирале потенцијалниот иден воз, и изработиле проект за движење од Драчево до Ѓорче Петров, со осум попатни станици.

– Во визијата за развој на Скопје, имајќи го предвид просторното ограничување на Скопје, градот сакале ние или не ќе се движи према север, пратејќи ја пругата. Сите современи градови во Европа што го планирале својот развој најпрво го решаваат прашањето за економичен, брз јавен транспорт. Овој дел каде што и сега градот развива булевари е идниот простор за развој на нашиот град, а се наоѓа непосредно кон пругата што може лесно да се трансформира од железничка или да остане и железничка, но и да служи за идниот градски воз за кој јас исто така во текот на кампањата сум зборувал, рече Шилегов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега