Шилегов: Во Дрисла во моментов не се гори небезбеден медицински отпад

Град Скопје убедува – Дрисла е под контрола, а во депонијата во моментов  не се гори небезбеден медицински отпад. По алармот во јавноста од објавените видео  снимките на кои експлицитно се гледа како се транспортира небезбеден медицински отпад, од Град Скопје денеска ги поканија новинарите да видат на кој начин сега работи Дрисла, откако надлежноста ја презеде Градот.

 

Фирмата Еко клуб која го носела медицинскиот отпад во Дрисла, лани таму изгорела над 4 и пол тони медицинско ѓубре. Сепак, не се знае дали бил стерилизиран и безбедно  даден на уништување. И овој месец нов медицински отпад од Еко клуб дошол на Дрисла.

„Само во текот на јануари месец оваа година вкупно медицински отпад којшто е донесен за депонирање и обработка во Дрсла е 1.900 килограми, од коишто три камиони само вчера, од еко клуб“, изјави градоначалникот Петре Шилегов.

Министерството за животна средина допрва ќе одлучи што ќе преземе за случајот. Министерот се информрал од медиумите, иако градоначалникот Шилегов скандалот со медицинскиот отпад го пријавил уште во декември.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2020 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега