Шилегов: Скопје веќе не е загадено како порано

Какви било мерки за загадување ги активира координативното тело на ниво на Влада. Досега немаме вредности на загадувањето кои се како задолжителни за активирање на таквиот тип мерки, изјави  градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција, одговарајќи на прашање кога ќе се активираат мерките за загадувањето.

– Годинава немаме вредности над 100 мг на метар кубен, за среќа, компарирано со минатите пет години. Годинава за наша среќа имаме најдобри резултати, во смисла на најмал број на загадени денови. Загадувањето е феномен или проблем што нема да ни исчезне преку ноќ, меѓутоа ќе се манифестира во намален број загадени денови. Тоа е нешто што и минатата и во текот на оваа година го имаме. Тоа не значи дека не постои, да се разбереме, но тоа значи дека вредностите паѓаат, додаде Шилегов.

Тојпосочи дека се уште се во почетна фаза на импелментација на стратешките мерки, кои покажуваат дека се даваат резултати.

– Јас можам да ви ги дадам да ги компарирате резултатите за месеците ноември и декември до денешниот ден за последните пет години за да може да ги видиме и бројот на загадени денови што ги имало и кои што ги имаме во текот на оваа година. Тоа не значи дека сме излезени од проблемот, меѓутоа значи дека со овие мерки една по една, чекор по чекор, сакате чистење оџаци, сакате инвертори, сакате пелети, допрва ќе ни доаѓаат автобусите, полека ќе дојдеме до саканата цел, а тоа е во Скопје да имаме што е можно почист амбиентален воздух, рече Шилегов. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2019 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега