Шилегов: Скопје не е на картата најзагадени градови во светот

Град Скопје од оваа година е тргнат од листата најзагадени градови во светот тврди градоначланикот Петре Шилегов.

Мали но важни проекти придонеле метрополата да ја подобри животната средина, дел од таквите проекти е и кампањата за замена на биолошки отпад за органско ѓубре. Градот во соработка со министерствоо за земјоделство ја почнува кампањата за бесплатно собирање остатоци од берба со што ќе спречуваат палење на стрништа а годинава ќе го опфатат целиот скопски регион.

–Покрај бесплатното подигање на органскиот отпад, како дополнителна мотивација нудиме можност секој што ќе ја искористи оваа поволност, во сезоната на садење да добие околу 30 килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми отпад Постојано сме на терен. Апелирам до земјоделците да дадат национален придонес и да не се уништуваат органските материи од кои произлегува хумусот. ПХ балансот на почвата се зголемува и исто така и содржините на хранливи материи. Ова време е периодот кога доаѓа горењето, но веруваме дека оваа програма ..

Пожарите кои пред три дена  дивееја во Ракотинци и  околината на Арачиниво биле резултат на запалени стрништа.  Лани над 120  жители на Скопје побарале од градот бесплатно да го подигне отпадот а со тоа властите тврдат дека било спречено палење на околу 700 кубни метри органски отпад, рече Шилегов.

Град Скопје поднел и  барање до Општина Центар за преземање на одржувањето и на сопственоста на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“. Имајќи предвид дека станува збор за предизборен период, Советите ќе треба да донесат одлуки што ќе овозможат тоа законски да се реализира.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2020 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега