Шилегов: Повеќе пари за општините или нова територијална поделба

Нема децентрализација без пари. Или повеќе пари во општинските буџети или нови општински граници и надлежности – нешто мора да се менува за да добиеме општини што ги задоволуваат современите потреби на жителите и кои ќе го оправдаат епитетот децентрализирани, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов, во разговор за Слободен печат“ ги сподели своите размислувања како да се откочи децентрализацијата во Македонија, која подолго од деценија стагнира, а лани во октомври кулминира кога со 50 милиони евра од државниот буџет беа покриени половина од натрупаните 100 милиони евра вкупен општински долг!

Според Шилегов, за единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) е клучно да се стабилизира нивното финансиско работење, а ако добијат соодветни извори на пари, подготвени се да преземат и нови надлежности.

– Нашите анализи покажуваат дека е потребно да се зголеми зафаќањето од ДДВ на најмалку 10 отсто во полза на општините. Сега добиваме 4,5 отсто од ДДВ. Исто така, нашето барање е зафаќање од 50 отсто од персоналниот данок, од кој сега добиваме 3 отсто – вели Шилегов.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2019 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега