Шилегов покажа како ќе изгледа Универзалната сала во Скопје: „Скопје е една поинаква приказна“

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска на социјалната мрежа Фејсбук објави како ќе изгледа надвор и внатре реконструираната Универзална сала.

 „ Некаде на почетокот на јуни на одговор на новинарско прашање, кажав дека влегуваме во изборна кампања и дека во периодот што следи, ќе се изнаслушаме се’ и сешто (особено за мене), но и дека немам намера да се занимавам со ниските страсти и изопачената политичка логика на ДПМНЕ, туку дека мојата цел беше, е и ќе биде да се занимавам со проблемите на Скопје и скопјани, кои што скоро 3 децении се таложеа во нашиот град како резултат на нивното некадарно и волунтаристичко водење на градот.

Тие последици, тие проблеми ги решаваме чекор по чекор. Работејќи на вистинските негови приоритети и потреби на граѓаните.

Еден од децениските проблеми, еве веќе се решава. Драги скопјанки, почитувани скопјани, ове е новата внатрешност на Универзална сала !!!

Скопје, една поинаква приказна !“напиша Шилегов.

 

15.08.2021 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа