Шилегов по потврдувањето на кандидатурата: Скопје го заслужува најдоброто

Актуелниот скопски градоначалник, Петре Шилегов, јавно се заблагодари на СДСМ, откако по вчерашната седница на Извршниот одбор на партијата тој се најде на листата на првите 30 потврдени кандидати за градоначалници, кои ги обелодени партискиот лидер Зоран Заев. 
„На седницата на Извршниот одбор на СДСМ која се одржа вчера и официјално беше потврдена мојата кандидатура за градоначалник на Скопје на претстојните избори. Упатувам огромна благодарност до мојата матична партија за довербата и поддршката. Скопје го заслужува најдоброто, продолжуваме заедно во нови победи“, напиша Шилегов на фејсбук.

14.07.2021 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега