Шилегов: Одлуката за судбината на Универзална мора да ја донесе цела држава и општество

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов вечерва истакна дека одлуката за судбината на Универзална мора да ја донесе целата држава и општество.

-Одлуката за судбината на Универзална мора да ја донесе цела држава и општество, а не како порано кога претходната власт не дебатираше туку само соопштуваше. Некаде околу 2010-2011 година, на логичната градежна парцела на Универзална сала, што е од улицата „Партизански одреди“ до уличката кај Универзална, тогашната власт во Општина Центар и денешна опозиција, со ДУП-от за Буњаковец, одлучила да гради хотели, кафулиња и катни гаражи, изјави Шилегов вечерва во емислијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5.

Тој уште еднаш повтори дека лично сака да се реставрира постојниот капацитет со постоен изглед, со внатрешни решенија на градалиштето, т.е. намалување на сегашниот број и се залага за изработка на нова мултифункционална сала на друга локација.

Прашан што е нацртано во постојниот ДУП на местото на Универзална сала, односно дали е точно дека е нацртана летна тераса со парк, Шилегов појасни дека конкурс е фаза на разговор, не е конечна одлука.

-Конкурс е фаза на разговор, конкурс не е одлука. Конкурсот е начин на доаѓање до одлука, откако ќе ја донесете одлуката прилагодувате урбанистичко планска документација и постапувате на истиот начин. Конкурсите се дел од разговорот, за што ќе разговараме ние, дебатата јас не ја сведувам на тоа да разговараме бескрајно, дебатата е дел со постапка, овде разговараме легитимно за конкретни решенија, рече Шилегов.

Напомена дека Универзална сала е место каде што се создала современата македонска култура и доколку не успее стручната јавност да го пронајде оптималното решение, тогаш е легитимно да има референдум.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.07.2020 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа