Шилегов: Од 1 ноември „Скопска“ за единечно возење во ЈСП

Согласно договорот што го имаме со Македонски телеком на 1 ноември 2019 треба да стартува употребата на картичката „Скопска“ за единечно возење. Сега се работи тест период кој ќе изнесува 30 дена. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Шилегов нагласи дека набавката на новите 33 екоавтобуси во Скопје е добра за главниот град и за неговите жители, а не за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или другите политички партии. Смета дека во јавноста се пласираат лажни вести за оваа тема.

Соопшти дека утре е седницата на Советот на Град Скопје, а една од точките на дневниот ред е утврдување на цената на единечното возење. Според него, станува збор за класична злоба, а не неинформираност или незнаење.

– Мака им е што успеавме во оваа работа. Оваа работа е добра за сите, рече Шилегов, кој ја покажа картичката „Скопска“ за единечно возење.

Прашан дали е можна промена на цената на билетот, откако ќе стигнат новите автобуси, Шилегов рече дека цената на билетот во Скопје сега е ниска и соодветна на економската моќ на нашите граѓани.

– Заради таквата цена дотациите што ги прави Град Скопје секоја година од буџетот за да можеме да го одржуваме системот на јавниот транспорт е околу осум милиони евра, рече Шилегов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2019 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа