Шилегов: Очекувам на наредните седници на Советот на Градот да се почне со преименување на улици

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов очекува во текот на наредните седници на Советот на Градот да започнат со постепено преименување на улиците.

– Комисијата имаше состанок минатата недела и тоа е веќе процес што го поминавме, така што како фази веќе се поминати, а очекувам дека веќе во наредните седници на Советот на Градот ќе започнеме со постепено преименување на улиците. Создаден е списокот на улици, во добар дел оние имиња кои беа традиционални познати на Скопје ќе ги вратиме или моја желба е да ги вратиме старите имиња, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција на булеварот „8 Септември“.

Таа комисија составена од советници на Советот на Градот, информира тој, ќе ги сублимира сите предлози кои се дадени од граѓаните и ќе се направи еден збирен список на улици, а потоа ќе се именуваат.

Во однос на вработените во градската администрација кои ги користат мерките на Владата за заштита од Ковид-10, Шилегов рече дека вкупно седумдесет вработени ги користат мерките, што според него е добро за најавената рационализација на државната администрација, да направат поинаков работен план, нешто што го работеле паралелно со недостатокот на луѓе.

– Во делот кај даночно имаме сериозни затајувања токму заради недостаток на луѓе, таа работа сега ќе ја поправиме. Јас очекувам дека кога ќе тргне процесот на реформа на државната администрација, ќе можеме многу полесно и поедноставно да ги преместуваме административните работници со цел да немаме вакви проблеми заради недостаток на персонал, рече Шилегов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега