Шилегов: Не ме интересира противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за скопски градоначалник

Јас најавив моја кандидатура за нов мандат како градоначалник. Во ред е да има и нови кандидати. Ќе оставиме да се заврши внатре во партијата целата постапка. Јас немам намера да се занимавам со ДПМНЕ, имам намера да се занимавам со Скопје и барањата на граѓаните. Сакам да дебатирам за градски политики, кажа актуелниот министер за здравство Венко Филипче.

„Она што мислам дека се случува во нашиот град е посериозен пристап за разлика од минатото. На терен решаваме проблеми што не се решавани 30 години. Тоа што порано само се зборувало, сега се реализира. Така како што ВМРО-ДПМНЕ ги претставуваат работите, лошо ги претставуваат. Легитимно е во олабавено Ковид време да се користи прилика за разговор со граѓаните. Работам за интересите на граѓаните, не ме интересира противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, ако е понудата подобра за Скопје, но кога се работи за таа политичка партија, не верувам“ - вели Петре Шилегов, градоначалник на Скопје во Студио 10 на ТВ24.

 

21.06.2021 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега