Шилегов: Не е „Ленинова“ во чест на Владимир Илич

Ниту една улица во Град Скопје во моментот не е преименувана. Ова е процес во кој сите сме вклучени и согласно таквите реакции ќе одат именувањата, изјави денеска градначалникот Петре Шилегов по реакциите во јавноста за новите предлози за преименувања на дел од улиците во главниот град.

Одговарајќи на новинарски прашања, Шилегов посочи дека процесот е започнат уште во 2019 година и оти нормално е да се јават и вакви постфестум реакции, но дека за разлика од порано, сега граѓаните се вклучени во овој процес, се слушаат нивните размислувања и сугестии и согласно тоа ќе се вршат преименувањата. Според него, се работи за комунално прашање, кое не треба да се политизира.

– Не е „Ленинова“ во чест на Владимир Илич,„Ленинова“ е „Ленинова“ за скопјани. Ако тоа не можете да го разберете, не можете да размислувате да бидете дел од Скопје во оваа смисла во која зборувам. „Железничка“ е „Желеничка“ за скопјани. Таков тип на евидентни порано насилно скршени преименувани улици и скршена волја на граѓаните, едноставно мораме да ја корегираме. За тоа впрочем разговарав и со граганите во кампањата 2017 и тоа и е едно од ветувањата што ги кажав, истакна Шилегов по денешната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев на претстојната реконструкција на Кејот 13 ноември.

За премиерот Заев, најважно е Советот како надлежна институција да ги слуша мислењата на граѓаните.

– Важно е Советот како директно одговорен и биран од граѓаните на Град Скопје или во општините, да постапува онака како што граѓаните укажуваат, порача Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2021 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега