Шилегов на средба со новинари од регионот за промоција на туризмот

 

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска се сретна со новинари од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и од Црна Гора кои следат туризам и се на информативно патување во нашава земја. Патувањето за новинарите од регионот го организира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија.

Новинарите денеска ќе имаат можност да посетат повеќе културно-историски знаменитости во Скопје - Старата чаршија, Старата железничка станица, Спомен-куќата на Мајка Тереза, црквите „Свети Спас“ и „Свети Димитрија“, плоштадот „Македонија“ и Скопската тврдина и да снимаат репортажи. Тие го посетија и Градскиот трговски центар.

- Скопје е симбиоза на сите култури што постојат на Балканот. Овде можете многу лесно да видите се што е огледало на Балканот, сите култури, сите религии, сите традиции, како и „модерната“ што е еден од најдобрите правци во архитектурата, изјави Шилегов.

Тој им порача да ја посетат и Старата скопска чаршија која, како што рече, е најголема на Балканот, многу автентична и добро зачувана.

- Ако доаѓате на еден ден секако треба да го посетите и манастирот „Св.Пантелејмон“ на скопската планина Водно, но и овој објект, каде што се наоѓаме денеска, се трудиме да му го вратиме стариот дух на Скопје, објект од 70-тите години што успеавме да го спасиме од фасадизација, а вчера ја отворивме изложбата со 26 графити – истакна Шилегов.

Информативната тура за новинарите од регионот продолжува и во наредните три дена со посета и снимање на манастирот „Свети Пантелејмон“, кањонот Матка, Маврово, Дебар, руралните предели на Македонија, посета на манастирите „Јован Бигорски“ и „Свети Ѓорѓи Победоносец“ во Рајчица, Охрид, Битола и винскиот регион на Македонија.

Во турата се вклучени и новинари чија специјалност е гастрономијата, па поради тoa предвидено е снимање на подготовка на македонски специјалитети во секој регион што ќе биде посетен

 

 

 

18.06.2018 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега