Шилегов: Локалната власт не може сама против загаденоста

Викендов, Скопје и Куманово се искачија високо на скалата како најзагадени градови во светот.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за Алфа рече дека дел од градоначалниците на другите општини околу Скопје, придонеле за енормното загадување на главниот град.

И додека Македонија го достигнува врвот меѓу првите најзагадени градови во светот, градските власти велат дека ќе биде подобро. 

Од граѓанските организации често пати ги повикуваат граѓаните да излезат на улица и да се изборат за почиста средина, зашто институциите речиси и ништо да не прават за енормното загадување.

Инаку, со падот на температурите, се очекува и зголемување на загаденоста, не само во Скопје, туку и во цела Македонија. Проблеми со отровниот воздух имаат и Битола, Тетово, Гостивар, Кичево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2019 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега