Шилегов и врати на МПЦ: Во Христијанството не се слават датумите, туку Бог

Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје, по негативниот одговор од МПЦ денеска рече дека останува на ставот дека православните вербници во Македонија треба да ги слават големите христијански празници како Велигден и Божиќ заедно со припадниците на католичката и протестантската верска заедница.

- Во Христијанството не се слават датумите, туку Бог.  Тогаш ирелевантен е датумот. Она што јас лично го размислувам е дека тој тип на големи празници треба да го славиме сите заедно. Во што верувате вие - Во датумот, или во Господ?. Тоа е прашањето што секој треба да си го постави. Освен ние, Србија и Русија не постои друга држава што го применува јулујанскиот календар во пресметувањето. Јас немам намера да влезав во расправија со МПЦ или со Синодот. Секој си има свое мислење, рече Шилегов.

 

Шилегов минатата недела во еден момент на прес-конференција по повод новогодишното украсување на главниот град ја повика Македонската православна црква да го прославува Бижиќ според грегоријанскиот, а не според јулијанскиот календар.

- Минатата година работевме до Божиќ, ако се сеќавате, меѓутоа не беше веќе голем интересот на граѓаните. Некако како да се празни атмосферата околу новогодишните празници. Можеби правото прашање е зошто МПЦ не го смени календарот, па да го правиме Божиќ како цел свет, рече огаш скопскиот градоначалник.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега