Шилегов: Градот мора да има добра инфраструктура, градежната сезона ќе потрае уште 10-15 дена

Идејата на целата реконструкција на улиците што трае и ја гледате е дека градот мора да има добра инфраструктура. Не постои начин како да реконструирате улица без да се наруши секојдневното движење. Суштината е да бидете брзи како што сме, изјави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Тој посочи дека се работи и навечер и дека сме при крајот на градежната сезона, што ќе потрае уште 10-15 дена.

– Откако ќе поминат нервозите и гужвите, ќе остане добрата инфраструктура во следните 20 години, изјави денеска Шилегов, одговарајќи на новинарски прашања на отворањето на првата велосипедска патека на Водно.

Прашан зошто не се искористи периодот на карантин, за реконструција на улиците во градот, Шилегов, рече дека и во периодот на карантиниот сериозно добро работеле.

– Тогаш работевме четири булевари. Тогаш ја правевме Пластичарка, булеварот АСНОМ и реновиравме некои од градските улици. Потоа ни се испречи изборниот период и не можевме да влеземе во тие постапки, зошто ќе беше протолкувано како влијание на изборите, изјави Шилегов.

Пристапот во последните три години, посочи тој, е сериозно поинаков од порано.

– Денеска е четврти ден, улицата „11 Октомври“ веќе првата половина се асфалтира, што порано не се случувало. Не постои начин како да реконструирате улица без да се наруши секојдневното движење. Суштината е да бидете брзи како што сме. Булеварот на влезот на Скопје, за дваесетина дена, во среда негде ќе биде целосно пуштен. Дистанца долга 5,3 километри, што досега не се случило, изјави Шилегов. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2020 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа