Шилегов го разреши директорот на ЈП „Улици и патишта“

Скопскиот градоначаник Петре Шилегов го разреши досегашниот директор на ЈП „Улици и патишта – Скопје“.

озволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП Улици и патишта - Скопје денес е разрешен од досегашната фунција, напиша Шилегов на Фејсбук.

Почитувани, дозволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП Улици и патишта - Скопје денес е разрешен од досегашната фунција.

Posted by Петре Шилегов on Monday, 17 August 2020

Претходно, порталот Лидер објави дека директорот Сенад Смаиловиќ во Струга бил фатен со две пакувања кокаин.

Порталот повикувајќи се на полициски извори јавува дека при претресот кај него била пронајдена поголема количина на кокаин, а против него ќе се води постапка само како да е корисник.

-На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во билтенот на МВР.

Смаиловиќ стана директор на Улица и патишта по доаѓањето на Петре Шилегов на градоначалничката функција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.08.2020 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа