Шилегов: Дроновите за мониторинг на индустриските капацитети даваат резултат

Термалните дронови кои се пуштаат секој вечер со цел мониторинг на индустриските капацитети даваат резултат, посочи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Целта на мерката е решавање на проблемот со загадувањето, а како што информира градоначалникот, инспекторатот на лице место затекнувал палачи на кабли и слични неправилности.

-Има резултати од дроновите. Ние општевме во неколку наврати со јавноста, каде инспекторатот на лице место затекнува палачи на кабли и тој тип, значи ова е период во кој сме пофокусирани, и јас нема да дозволам додека го водам овој град условно кажано инспекторатот на град скопје да спие, туку напротив, да си ја врши својата работа, рече Шилегов на денешната прес-конференција во одговор на прашање.

Тој додаде дека во финална фаза е потпишувањето на Меморандумот и договорот за групирање на инспекциските служби, чија што цел е, како што рече, да се создаде една соодветна служба која на сите нивоа ќе може да го покрие градот.

Прашан за видеото од шутот во населбата Трнодол, кое вчера се појави на социјалните мрежи, градоначалникот рече дека состојбата со шутот во оваа населба е во тек на санирање, односно се изрекуваат соодветни законски санкции.

Тој рече дека во моментов Градот нема соодветна институција за решавање на проблеми од овој тип. Додаде дека за ова е потребна комунална полиција на Скопје, која ќе има и превентивна улога.

-Ние во моментов немаме институција за која јас инстистирам, а тоа е комуналната полиција на Скопје која меѓу друго ќе има и превентивна улога, и токму заради тоа моја голема благодарност до граѓаните кои нас институционално не известуваат за аномалии кои ни се јавуваат на лице место и добро е што ние веднаш реагираме, рече Шилегов.

Како што појасни, Инспекторатот на Град Скопје, особено овој за животна средина, е составен од околу дваесеттина луѓе, и не може да ја покрие целата територија.

-Секој таков тип на аномалија е добро да го имаме ние како институции како комуникација со граѓаните, излеговме на лице место, санирана е состојбата или е во тек на санирање состојбата во Трнодол, се изрекуваат соодветни законски санкции. Она што го имам договорено со министерот за правда тоа е дека во текот на измените на Кривичниот законик, односно главата која се однесува на животна средина веќе од прекршочна се става исклучиво во кривична, и таков случај што го имавме вчера да завршува и со заплена на возилата. Мислам дека таков тип на превенција законска и поведение заедно со граѓаните ќе придоенсе да немаме такви случаи, додаде Шилегов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2020 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега