Шестмина скопјани фатени со дрога

Шестмина скопјани во текот на изминатото деноноќие биле фатени со дрога.

-Синоќа во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„АВНОЈ“ го лишиле од слобода М.Н.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја, велат од полицијата.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Синоќа во 01.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Коста Новаковиќ“ ја лишиле од слобода Е.Г.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана, се вели во полицискиот билтен.

 По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Синоќа во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Анкарска“ го лишиле од слобода Б.Ф.(41) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени прашкаста материја и марихуана, велат од МВР.

 По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Вчера во 22.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ го лишиле од слобода А.Џ.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, велат од полицијата.

 По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Вчера во 16.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Кочо Рацин“ го лишиле од слобода Б.Ј.(37) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја, велат од полицијата.

 По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Вчера во 17.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Иван Хаџиниколов“ го лишиле од слобода Н.Т.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, се вели во полицискиот билтен.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега