Шестгодишното девојче починало додека примало инфузија во битолската болница

Вчера починало 6-годишно девојче во Клиничката болница во Битола. Истото било донесе околу 10 часот наутро на одделот за педијатрија, дехидрирано со симптоми на настинка, температура и повраќање, објасни директорот на установата.

Додека се чекале резултатите од крвната анализа на девојчето му била приклучена инфузија за да го рехидрираат и да го подготват за транспорт на скопските клиники, но состојбата драстично се влошила. Лекарите го реанимирале, но не успеале да го вратат во живот шестгодишното девојче од битолско Кравари кое починало неколку минути пред 15 часот, пренесе Сител ТВ.

„Кај нас не му е даден никаков лек на детето, тоа го проверивме, туку само инфузија. Како болница побаравме обдукција која е во тек, а резултатите од неа ќе бидат дадени на Обвинителството, по што ќе се знаат причините поради кои настапила смртта. Исто така за случајот ја информиравме и полицијата“, изјавил д-р  Александар Обедниковски, директор на Клиничката болница Битола.

Според информациите, девојчето три дена претходно било во влошена здравствена состојба и лекувано дома. Истрагата треба да покаже дали и каква терапија примало. 

23.03.2023 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега