Шестгодишно дете падна во надојдената вода: 300 луѓе вклучени во потрагата, родителите завршија на психијатрија

Шесгодишниот Ибрахим Мешелевиќ, кој вчера возејќи велосипед падна во надојдениот поток, се уште не е пронајден.

Роднина на малиот Ибрахим вели дека можно е телото да заврило во реката Босна. Во потрагата се вклучени 300 луѓе. Со гребла се најдени само дуксерот и велосипедот на детето.

Тој за „Дневни Аваз“ вели дека родителите се во тешка психичка состојба и дека се префрлени на психијатрија.

Освен Ибрахим тие имаат уште едно дете, додека очевидци велат дека изгубиле надеж да го најдат жив, тој е многу мал, а потокот надојден поради обилните дождови.

Потсетуваме дека вчера, момче возејќи го велосипедот паднало во водата, па по него скокнала и мајката во обид да го спаси, но не успеала.Таа е извлечена од водата и пренесена во блница, а по момчето се уште се трага.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега