Шест пожари беснеат низ Македонија

Шест пожари во моментот беснеат низ Македонија. Оваа информација во телефонска изјава за Сител ја соопшти првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Ниту еден од нив не е закана за населението, а според Ангелов, најкритична состојбата е во Старо Нагоричане.

-Вториот е во Валандово, којшто е исто така доста сериозен но не се загрозени луѓе и објекти. Третиот е во Берово и Пехчево. Еден имаме во близина на Катланово кадешто гори сува трева и тој мислам дека веќе е ставен под целосна контрола. Јас се движам од Гевгелија кадешто имавме успешно гаснење на еден многу сериозен пожар кон Валандово, кадешто заседава Кризниот штаб за да видиме што овде може да се направи во текот на утрешниот ден. Овој пожар е доста раширен. Проблемот е ветрето коешто дува во попладневните часови и сѐ уште дува. Доколку се зголеми јачината на ветрот, доколку ветрот го менува правецот може да се случи сешто, рече Ангелов за Сител.

03.08.2021 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега