Шест починати за 24 часа во Македонија - двајца имале контакт со потврден случај, еден неодамна патувал

Во изминатите 24 часа починаа 6 лица од коронавирус во Македонија, што е најголем број на жртви досега за еден ден.

Пациентите се од 5 различни градови и повеќето се лица над 60 години (3), по 3 машки и женски лица, пишува еМагазин.

Кај сите починати лица се присутни симптоми на заболувањето, а од нив 4 биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби (КИБФС) во Скопје.

Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Во однос на начин на стекнување на болеста, двајца од починатите имале контакт со потврден случај, додека еден има историја на неодамнешно патување“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравство (ИЈЗ).

Според информациите кои пак ги соопшти Министерството за здравство, починатите од Куманово биле на возраст од 52 и 53 години, едниот починал на КИБФС, а другиот дома.

Починатата пациентка од Лабуништа-Струга била на возраст од 65 година, пациентката од Челопек – Тетово имала 62 години и пациентката од Штип била на 81-годишна возраст.

Во Скопје пак почина 45-годишен скопјанец. Тој починал на пат кон болницата „8 Септември“, соопшти владината прес-служба повикувајќи се на дополнителната информација од ИЈЗ.

Тој бил тестиран и потврден позитивен на коронавирусот преку Ветеринарен факултет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега