Шест новозаразени лица со коронавирус во Куманово

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира шест новозаболени лица од Ковид – 19. Новозаболените се од Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се двајца пациенти.

–  Поголем дел од новозаболените веќе имале контакти со претходно  потврдени позитивни од нивни семејства, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.

Извршени се  55 тестирања за Ковид-19, од кои 18 по МојТермин и 37 контролни тестови.
Од почетокот на пандемијата, Ковид дијагностицирани во Центарот за јавно здравје Куманово се 991 пациенти, од кои, во моментов активни се 284 случаи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.07.2020 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега