Шест нови случаи со коронавирус во Кичево

 

 Шест нови случаи со Ковид-19 се регистрирани во Кичево. Според денеска објавените податоци од Институтот за јавно здравје, вкупниот број заразени во општината достигна 58, од кои 49 се активни, осум се излекувани и едно лице е починато.

– Новозаболените се во добра општа здраствена состојба, петмина од нив се лекуваат во домашни услови во изолација и под контрола на нивните матичните лекари, додека еден случај е во лекување во Скопје, рече доктор Станко Трпески, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита, задолжително да носат маски и да не се групираат. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега