Шест нови лица прекршиле полициски час во Тетовско

Шест нови жителите на Тетовско ќе се соочат со законски санкции поради непочитување на ограничувањето на движењето во насока на спречување на пандемското ширење на коронавирусот, информираат денеска од тетовската полиција.  Со новите случаи тетовската полиција од почетокот на ограничувањето на движењето бележи 52 примери на прекршување на полицискиот час.

– Во периодот од 07 часот вчера 28 март до утрово во 07 часот откриени се вкупно шест лица како се движат во термините во кои е определно ограничено движење. Едно од шестте лица е човек на возраст над 67 години. Сите ќе се соочат со законски предвидени поднесоци, истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во изминатиот период контролирани се и угостителски објекти во Тетовско. Два локали кои работеле врмено се затворени со решение на Државен пазарен инспекторат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2020 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега