Шест недели целосна блокада во Мелбурн поради коронавирусот: Улиците празни, премиерот порачува граѓаните да останат смирени

 

Вториот по големина град во Австралија, Мелбурн, од денеска е под целосен карантин, што ќе трае шест недели, бидејќи властите се борат со вториот бран на коронавирусот.

За време на карантинот, повеќето продавници и компании ќе бидат затворени, што предизвика загриженост кај жителите од можен недостиг на храна.

Од утринава улиците  во градот со пет милиони жители се празни. Пријавиени се 471 случаи на коронавирус и осум смртни случаи во последните 24 часа.

Австралија сега има вкупно околу 20.000 случаи на Ковид-19 и 255 смртни случаи, што, сепак, е се уште помалку од многу други развиени земји.

Пандемијата во Викторија се заканува дека ќе се прошири во други држави. Нов Јужен Велс вчера соопшти за 12 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени е на 483.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, ги повика граѓаните на Мелбурн, кои веќе минале низ неколку недели строги рестриктивни мерки, да останат мирни заради зголемувањето на побарувачката во супермаркетите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега