Шерон Стоун откри кој актер бакнува најубаво

Актерката Шерон Стоун откри кој од нејзините филмски партнери најдобро се бакнува.

-Роберт де Ниро најдобро бакнува, рече таа.

Тие двајца имаа жешка сцена во филмот „Казино“ од 1995 година, а судејќи според тоа како го пофали, бакнежот добро го памети.

-Многу му се дивев. Само сакав да седам со него на маса. Можеби баш поради тоа што го сметав за посебен, тоа беше совршен бакнеж за мене, рече Стоун.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега