Шенген слави годишница со многу затворени граници

Шенгенскиот простор денеска обележува 25 години постоење со многу затворени граници и строги контроли воведени поради сузбивање на пандемијата од коронавирусот.

Земјите-членки укинувањето на внатрешните гранични контроли го сметаат за еден од најголемите достигнувања на европските интеграции.

Договорот со кој почна приказната за Европа без внатрешни граници е потпишан на бродот „Принцеза Мари Астрид“ на реката мозел покрај малото луксембуршко место Шенген, на тромеѓето меѓу Франција, Луксембург и Германија на 14 јуни 1985 година.

Тогаш договорот го потпишаа пет земји-членки на ЕУ, Франција, СР Германија, Холандија, Белгија и Луксембург.

Меѓутоа, требаше да поминат речиси 10 години за договорот за заживее во пракса. Стапи во сила на 26 март 1995 година и тој ден се укинаа внатрешните гранични контроли помеѓу првите потписници на договорот, но и Шпанија и Португалија кои во меѓувреме му се придржија на договорот.

Денеска од 26 земји-членки на ЕУ 22 се во Шенген зоната. Во таа зона не влегуваат Исланд, Лихтенштајн, Норвершка и Швајцарија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега