Шеќеринска за бугарските закани: Условувањата некогаш се покажуваат како катастрофа

Министeрката за одбрана, Радмила Шеќеринска очекува да добиеме преговарачка рамка со ЕУ, согласно европските стандарди и принципи.

За неа условувањето од Бугарија може да се покажа и котрапродуктивно.

-Нашата држава во историјата платила огромна цена затоа што не била присутна на маса кога за неа се одлучувало. Тоа сакаме да го направиме и во НАТО,  тоа сакаме утре да го правиме и во Европската Унија. Меѓутоа првото правило што ќе го научите е дека ако не сте уште на масата, не треба да лицитирате што ќе се случи. Ние очекуваме преговарачките рамки да бидат дефинирани согласно европските принципи, согласно европските вредности, а се разбира и согласно со принципот дека со соседите мора да се најдат решенија. Уловувањата некогаш се покажуваат како корисен инструмент, а некогаш се покажуваат како катастрофа и за регионот и за соседите. Сакаме со нашите соседи да бараме решение, а не да ја играме играта на уцени, притисоци, кавги и прекунување на разговорот. Така ќе постапиме и во иднина - кажа Шекеринска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега