Шеќеринска препознала уште еден напаѓач од 27 април - Обвинителството веднаш го прати во притвор

 

Уште еден напаѓач во Собранието од крвавиот четврток заврши во куќен притвор, потврдуваат од скопското јавно обвинителство за „Макфакс“. Обвинителството осомничи уште едно лице за насилство врз пратеничката и сегашна министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

Од обвинителството за „Макфакс“ информираат дека оштетената пратеничка го препознала осомничениот во полициска станица и дека лицето е во куќен притвор. „По предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 на осомничениот му определи мерка куќен притвор“, велат од обвинителството за „Макфакс“.

 

Оттаму додаваат дека преземаат истражни дејствија за обезбедување докази и комплетирање на предметот, по што ќе донесат јавнообвинителска одлука. Ова е уште еден осомничен, покрај осудениот Панче Ангелов, кој откако призна вина, со правосилна пресуда доби 4 години затвор за напад врз пратеничката Шекеринска лани во Собранието.

 

 

 

17.07.2018 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа