Шекеринска: Жалам што на некои партиската значка им е поважна од државната

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска одговарајќи на новинарски прашања за постапките на полковникот Драган Ковачки изрази жалење што, како што рече, праксата на рушење на институцијата која му дава плата и натаму продолжува. Меѓутоа, нагласи таа, нека им е на чест на сите оние на кои партиската значка им е поважна од државната значка.

– Да сте македонски државјанин и да ги слушате овие зборови на американските колеги и сојузници и задоволството од соработката со нашата Армија и одбрана и после тоа да ги чуете коментарите од еден за жал офицер на истата таа армија, ќе мислете дека станува збор за две различни земји, две различни армии и два различни одбранбени система. Знам дека најголемиот дел знаат на кого повеќе ќе му веруваат, изјави Шекеринска, која заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз го посетија армискиот полигон „Криволак“ каде ќбеа информирани за претстојните активности за реализација на вежбата „Одлучен удар – 21“. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа