Шекеринска: Вежбата „Одлучен удар“ на Криволак – најголема вежба досега организирана кај нас

 

Присуството на армии од четири континенти на вежбата „Регекс 2019“, покажува колкава е довербата во нас како Армија и како држава да бидеме домаќини на оваа вежба. Особено во време кога очите на Алијансата се вперени во нас, во предвечерјето кога се подготвува  кревањето на знамето на нашата татковина во седиштето на НАТО, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска во касарната во Велес на Денот за високите гости на најголемата компјутерски асистирана тактичка вежба кај нас предводена од НАТО и Армијата на Република Северна Македонија.

Таа потенцира дека ова е ден кога Италијанскиот сенат, ден порано од планираното го ратификува НАТО протоколот и ден кога се очекува и ратификација на договорот од  страна на Велика Британија со што ќе бидат целосно заокружени.

-Ние сме сега во фото финиш и со оваа вежба покажавме дека функционираме како НАТО држава. Покажавме дека можеме да бидеме и ефикасни во однос на финансиските средства, но и дека имаме знаење да ги искористиме техничките капацитети на Центарот за симулации за да вежбаме во симулирана компјутерска средина.Токму во една симулирана средина можеме да ги доведеме до перфекција процесите на соработка и координација помеѓу националните и локалните власти со владините, невладините и меѓународните организации, истакна министерката Шекеринска.

Таа појасни дека преку вежбата учиме и за т,н.хибридни закани, односно сајбер-одбраната која е во врвот на приоритети на НАТО Алијансата. При тоа им се заблагодари на 22 партнерски земји кои се вклучија во процесот на планирање на вежбата, како и на менторството од страна на пет земји членки на Алијансата.

„Регекс-19“ е компјутерски симулирана вежба под раковоство на НАТО на која учествуваат околу 200 припадниците на Армиите на 19 земји од кои три се членки на НАТО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега