Шекеринска: Со измените во Законот за служба во Армијата, војниците ќе добијат повисоки отпремнини за пензионирање

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на социјалните мрежи им ги честиташе измените на Законот за служба во Армијата на припадниците на македонската армија.

„Во измените е вклучен месечен додаток за станбено обезбедување во висина од 7 илјади денари, можност за порано заминување во пензија со износ од 80 отсто од десетте најдобри години. Овој систем до сега функционираше само во Министерството за внатрешни работи.

Измените вклучуваат и стипендирање на дефицитарни кадри, можност за воено-медицинскиот персонал да работи и во државното цивилно здравство, повисоки плати за сите цивилни лица во Армијата и повисоки отпремнини за пензионирање.

Благодарност до парламентот што ги изгласа овие суштински измени, напиша Шекеринска на својот Фејсбук профил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега