Шекеринска со честитки до питомците: Армијата оправдано има најголема доверба кај граѓаните- сигурна дека и вие ќе ја одбраните таа доверба

Денешниот ден е во духот на младоста и мотивацијата да се научи нешто ново и да се биде подобар. Да се влезе во суштината на воената академија, но и да се научи нешто ново, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на свечената заклетва и на промоцијата на питомци на Воената академија ,,Михаило Апостолски” во Скопје.

– Армијата оправдано има најголема доверба кај граѓаните, а јас сум сигурна дека и вие ќе ја одбраните таа доверба, рече таа.

Шекеринска потоа упати честитки до примените питомци, истакнувајќи дека во оваа професија се ценат само квалитетите, а не име, нација, раса и пол.

– Северна Македонија е во НАТО и ќе продолжиме да работиме и натаму. Дајте се од себе, помогнете ни да бидеме уште подобри. Бидете пример и за вашите нови колеги кои се на самиот почеток – истакна Шекеринска.

– 18 жени и 22 мажи го почнуваат военото образование кои следните четири години ќе ја научат благодарноста на униформата. Нека биде тоа мотив да покажете дека сте еднакви со питомците. Секоја секунда помината овде учете како да бидете подобар офицер, заклучи министерката.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега