Шекеринска положи венец во спомен на загинатите бранители кај Љуботенски бачила

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска во касарната „Илинден“ положи венец на споменикот на загинатите бранители, во спомен на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа кај месноста Љуботенски бачила.

На споменикот на загинатите бранители, венци положиле и членови на нивните семејства и делегација од кабинетот на Претседателот на државата, соопштија денеска од Министерството за одбрана.

На овој ден, пред 19 години кај Љуботенски бачила загинаа Томе Бадаревски, Бранко Јанев, Марјанчо Бошковски, Раде Јанковски, Гоце Чанкуловски, Томислав Настевски, Ивица Златевски и Томе Димоски.

Положување свежо цвеќе во спомен на загинатите припадници на резервниот состав на Армијата кај Љуботенските бачила

Posted by Press24.mk on Monday, 10 August 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега