Шекеринска: Пoкажавме мудрост како Влада

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска од Клубот на пратеници порача дека Македонија е на добар пат да стане дел од НАТО, додавајќи дека е изменет имиџот на многу институции во државата.
 
 
- „Ние веќе не сме сами како држава. Нападот на било која членка на НАТО значи напад на сите и сите би се мобилизирале за помош. Нашата држава стигна на крајот на ратификациониот процес. Не сме најголема или најбогата, но минатата година успеавме да го промениме имиџот на сите институции, вели таа.
 
Додава дека како Влада покажале мудрост кон некои прашања.
 
- Сите наши соседи цврсто не поддржаа за членство во НАТО. Плативме огромна цена кога нашата држава не била на маса кога за неа се одлучувало“, порача Шекеринска.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега