Шекеринска: Почнавме со акцијата за чиста држава

Почнавме со акцијата за чиста држава. Тука сме сите од министерството за одбрана, Генералштабот и Армијата од касарната Илинден, да го средиме просторот околу касарната бидејќи касарната е веќе чиста, напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска во опис на видеото кое го објави на Фејсбук.

„Во моментов акцијата се спроведува и околу другите касарни во Скопје, Куманово, Тетово, Кичево, Прилеп, Велес и Штип. Ќе наполниме стотици кеси со ѓубре, а потоа да се погрижиме сите локации кои денеска ќе бидат исчистени да останат чисти и по денешниот ден. Едноставно е - ако сакаме чиста држава, ако ѓубрето ни пречи, да престанеме да го фрламе каде што не треба“, напиша Шекеринска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2019 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега