Шекеринска: Пендаровски не брка личен интерес, со него одиме напред

 На средбите со младите во Делчево  се разговараше за актуелната состојба во државата, престојните претседателски избори и можностите кои се отвораат со интеграција на земјава во НАТО и ЕУ.

 

 Глас за Стево Пендаровски е глас за големи можности за младите. - истакна Шекеринска.

 

 Секој млад човек во нашата држава заслужува да живее како своите врсници во Европа, слободно да патува, да се образува и работи.

 

 Гласот на младите вреди и треба да се почитува, давајќи го својот глас за Стево Пендаровски вие го давате гласот за вас, за вашата иднина, да го видиме светот и тој да не види нас. - се дел од пораките кои ги упати Шекеринска на средбата со младите.

 

 Посетата на Шекеринска на општина Делчево продолжи и во село Тработивиште.

 

 Заменик претседателката на СДСМ, Шекеринска зборуваше со граѓаните за тоа дека членството во НАТО не значи само безбедност и сигурност на државата, туку значи и голем економски напредок  кој граѓаните го почуствуваа уште кога се наговести членството, се охрабрија и инвеститорите како домашните така и странските , па ланската година ги добивме рекордните 624.5 мил. евра странски директни инвестиции, а невработеноста се намали на 19,4 отсто, што воедно е најнизок процент од осамостојувањето на државата до сега. Сето тоа, е само мотив плус да продолжиме и понатаму.

 

 Но, за да се продолжи понатаму потребно е претседател кој нема да биде кочничар туку напротив ќе ги поддржува мерките и реформите кои ја водат државата напред.

 

 -И нашата армија и нашата одбрана и нашата безбедност бараат да имаме престседател кој ќе биде вистински врховен командант, кој ќе знае како да и помогне на армијата и како да ја засили и одбрани државата -рече Шекеринска.

 

  Таа посочи дека на државата и треба претседател кој што ќе не обединува, а не дели и ги  повика граѓаните да дадат  поддршка на човекот кој сите овие години покажа дека не брка личен интерес, туку дека се труди на својата држава да и помогне.

 

 -Ни треба и врховен командант и претставник во светот од кој нема да се срамиме, туку со кој ќе се гордееме. Кој кога ќе излезе ќе личи како нашата држава која сака да оди напред, а не да седи назад.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2019 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега