Шекеринска: Очекувам дека до петок, предлогот за реконструкција да биде доставен во Собранието

Низ процесот на промени, како партија докажавме дека сме свесни за одговорноста дадена од граѓаните и затоа кадровските промени во СДСМ не треба да се гледаат како замена за кадровските промени на државните позиции, истакна заменик претседателката Радмила Шекеринска во вечерашното гостување во емисијата Топ тема

- Ветивме промени и во партијата и на државните позиции, но водевме сметка за државните интереси и периодот во кој се наоѓавме а беше тесно поврзан со евроинтегратицните процеси. Не сакаме заради домашна политика да загрозиме некој од државните интереси. Најавивме реконструкција и таа ќе се случи. Очекувам дека до петок, предлогот за реконструкција да биде доставен во Собарнието, порача Шекеринска.

Осврнувајќи се на внатрепартиските промени,Шекеринска истакна дека освен персонални решенија, следуваат и системски промени на делување во интерес на граѓаните.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2019 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега