Шекеринска: НАТО прави место за нашето знаме како еднакво помеѓу триесетте

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција се заблагодари на сите пратеници кои гласале за донесување на Законот за Јавно обвинителство.

„Членството во НАТО е успех. Честитки за пратениците кои секој ден се залагаат за нашето членство во НАТО. Тоа е успех и причина за наша заедничка гордост. Нашиот збор го одржавме. Се покажа кој бил за избори а кој манипулирал. Ние нашиот збор го одржавме, Собранието е распуштено, сите закони беа донесен“, истакна Шекеринска.

Во Брисел во седиштето на НАТО се прават подготовки за поставување на македонското знаме. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска извести дека нашата мисија денес успеала да ги смини подготовките.

„Нашата мисија успеа да сними едно видео каде што се гледа на кој начин пред седиштето во НАТО се обезбедува простор за наш јарбол и се обезбедува место за нашето знаме како еднакво помеѓу триесетте. Ској ден овие добри вести ни покажуваат дека ништо веќе нема да биде исто и дека работите навистина кога ќе ги поместите од мртвата точка, можете да добиете резултат којшто може сите да ги изненади“, рече министерката Шекеринска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега