Шекеринска на видеосостанок на ПЕС: Европските социјалисти бараат ЕУ до 10 ноември да ја усвои преговарачка рамка

Заменик- претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска денеска учествуваше на видео состанокот на Претседателството на Партијата на европски социјалисти.

На состанокот Македонија доби силна поддршка на патот кон ЕУ. Претседателството дискутираше за потребата од што побрзо воспоставување на преговарачката рамка меѓу Северна Македонија и ЕУ, при што беа поддржани и апелите на Владата на Република Северна Македонија во таа насока.

Притоа Претседателството усвои заедничка изјава во која се вели: „Претседателството на ПЕС го повикува Советот на ЕУ да ги усвои преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија без одлагање и не подоцна од 10 ноември, и да овозможи првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ да се одржи пред крајот на 2020 година”.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2020 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега